Don't Miss
Home / Култура / Најлудата ноќ битолчани ќе ја прослават со спектакуларен концерт на Калиопи

Најлудата ноќ битолчани ќе ја прослават со спектакуларен концерт на Калиопи

Битолчани Новата Година ќе ја прослават со поп дивата Калиопи.

Најлудата ноќ, битолчани ќе ја дочекаат со најголемата музичка ѕвезда, поп дивата Калиопи која  ќе ги забавува на плоштадот Магнолија.

Ова денеска на заедничка прес-конференција го соопштија, градоначалникот Владимир Талески и Калиопи која како и секогаш беше одлично расположена.

kaliopi

-Моја привилегија е да ја поминам најлудата вечер заедно со битолчани. Битола ми е во срцето. Едно време дури планирав да се преселам во градот на конзулите. Секој мој концерт во овој град бил исполнет со посебни емоции. Ќе се потрудам на 31 декември да ги стоплам срцата на битолчани со весели песни, убави рефрени и како што прилега новогодишно- изјави поп дивата Калиопи која на публиката им вети неповторливо аудио-визуелно доживување за новогодишната ноќ.

Калиопи на брифингот, ги воодушеви новинарите кога изјави дека сериозно размислува  да  се пресели во Битола.

-Во неколку наврати сум размислувала да  се преселам во Битола. Такво чувство ми се  има појавено и за Сараево. Ми се допаѓа, ми годи  енергијата во овие два града- рече Калиопи.

Градоначалникот на Битола, д-р Владимир Талески уште и најави дека на десетиот по ред јубилеен “Битфест 2015“, Калиопи ќе одржи спектакуларен концерт на античка Хераклеја.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*