Откако СДСМ неофицијално излезе со кандидатка за градоначалник на Битола, Наташа Петровска, во ВМРО ДПМНЕ почнаа нови комбинаторики.
Според извори на порталот на Битолски весник во ВМРО ДПМНЕ сега бараат женско лице кое ќе и се спротистави на Наташа.
Доколку се одлучи на таков потег по се изгледа дека по СДСМ и ВМРО ДПМНЕ дојде до заклучок дека на Битола му треба “мајка“ на градот, откако сегашниот “татко “ Владимр Талески не се покажа како добар домаќин и многу “ општински деца “ ги остави сираци.
Иако засега сеуште се размислува за името на кандидатот со кој ВМРО ДПМНЕ ќе излезе на избори, сепак неофицијално се дознава дека најсериозна кандидатка е актуелната претседателка на Советот Силвана Ангелевска, која претходно воопшто не сакаше да размислува за оваа функција.