Крајно навредливо за битолчани е да им кажете дека Битола ќе ја направите убава како Струмица и дека ќе ја гасифицирате по струмички терк.
Битолчани треба да знаат дека тоа значи :
– дотур на гас по пунктови со цистерни, што е крајно ризично и небезбедно
– висока цена на гасот кој би бил добавуван од трета рака
– отворена шанса за манипулација преку тендерот за гас и можност за богатење на некој од клановите на Заев и Анѓушев на грбот на битолчани
При обезбедени пари и проекти во трајни решенија со Гасификација и Топлификација, ваквите импровизации се несериозни и значат потценување на интелигенцијата на Битолчани.
Битола не може и не смее да биде Струмица, изјави на денешната прес конференција кандидатот за советник Иван Тошевски.