Никола Груевски на денешниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Валандово го спомена и Крвавиот четврток, што се случи на 27 април во законодавниот дом, па истакна дека тепањето во Собранието било голема грешка.
-Тие луѓе беа поведени од емоции. Но, тепањето во Собранието беше голема грешка. Сакаа да создадат перцепција дека зад тоа стои ВМРО-ДПМНЕ, а некои од граѓаните седнаа на стапицата. Сите ги поддржувавме мирните протести, тие беа корисни за Македонија. Сега сме сведоци на политичка осветољубивост од невидени размери – рече Груевски.