Don't Miss
Home / Македонија / Ништо од штрајкот на СОНК

Ништо од штрајкот на СОНК

По средбата на министерот за образование Абдулаќим Адеми со раководството на Синдикатот за образование, наука и култура, договорено е да продолжи дијалогот за сите барања на синдикатот, освен тоа за поголеми плати.
Дијалогот меѓу СОНК и владата ќе продолжи преку работни групи кои ќе ги разгледаат барањата на учителите.
Претседателот на СОНК, Јаким Неделков истакна дека е задоволен од средбата со министерот, a по состанокот, раководството на СОНК одлучи штрајкот да го стави во мирување .
– Ги отворивме сите барања кои СОНК ги достави до ресорното министерство. Имам позитивен впечаток дека МОН во наредниот период посериозно ќе пристапи кон решавање на проблемите во основното и средното образование, така што останува сега да имаме седница на советот на СОНК, да расправаме по тоа што овде разговаравме и да се донесе конечна одлука дали штрајкот ќе започне утре или ќе се стави во мирување – изјави Неделков.

Најновите информации по седницата на Советот на СОНк  се дека утре нема да се одржи најавениот штрајк и дека истиот е ставен во мирување. Утре во училиштата ќе има редовна настава и вообичаен училишен ден.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*