Don't Miss
Home / Градска хроника / Нов проект на “Лајонс клуб Битола”, 365 дена хуманост

Нов проект на “Лајонс клуб Битола”, 365 дена хуманост

Лајонс клубот Битола деновиве го промовираше својот нов проект „365 дена хуманост”, активност која на секоја хумана личност и овозможува доброволно да донира во т.н. штедливи каси, поставени на три локации во градот.
Штедливите каси ги изработи Лајон Велчо Петровски, а првата е поставена во фоајето на НУ Центар за култура-Битола.

На промотивниот настан, членовите на ЛК Битола, Велчо, Веле, Александар, Драги, Љубица, Димче, Кристина, Аница, Лилјана Н., Марјан, Христо, Ристо, Ѓоко, Илија, Стефан и Васко донираа, но и се дружеја, одбележувајќи го новиот хуманитарен проект на “ЛК Битола”.

-Штедливите каси ќе бидат поставени во текот на целата година, а собраните средства ќе бидат јавно донирани. Својата хуманост поддршка на овој проект веќе ја покажаа и други граѓани и затоа во оваа прилика ним, и на останатите што ќе се вклучат јавно им се ЗАБЛАГОДАРУВАМЕ!- стои во соопштението на Лајонс клубот Битола, што ни го испратија до порталот на Битолски весник.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*