Don't Miss
Home / Uncategorized / Нова забрана од СПЦ за прослава на Прохор Пчински

Нова забрана од СПЦ за прослава на Прохор Пчински

Српската православна црква и годинава нема да дозволи официјалната делегација на Македонија овој пат предводена од премиерот Зоран Заев да го посети манастирот „Прохор Пчињски“ по повод одбележувањето на Илинден, пишува српскиот весник „Ало“, цитирајќи извор од СПЦ.

Патријархот Иринеј е категорично против. Се додека не се поправи статусот на СПЦ и нејзините свештеници во Македонија нема разговори за можноста да се дозволи која било делегација од Скопје да посети манастир во Србија и таму да ги одбележува Илинденското востание и Денот на државноста на Македонија, велат од СПЦ. Шефот на српската дипломатија Дачиќ пак за весникот вели дека секоја година српското министерство барањето од Македонија го проследува до СПЦ, но дека и тие не добивале одговор. Од владата велат дека нема да го коментираат ставот на СПЦ додека не добијат официјален одговор од Белград
 „

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*