Don't Miss
Home / Градска хроника / Новаци ги “чести” младоженците по 500 евра за секоја свадба

Новаци ги “чести” младоженците по 500 евра за секоја свадба

Општината  Новаци, со цел да ги стимулира младите да склучуваат бракови и да се женат,  донесе одлука  на секоја млада брачна двојка, која ќе одлучи да стапи во брак  да ги “чести” со по 500 евра.

Ваквата парична награда,  Новаци им ја доделува на младите за покривање на трошоците за свадбата.

laze

градоначалникот Лазар Котевски

 
-Со цел да го спречиме иселувањето од  Новаци, посебно од Мариовско, како и да ги стимулираме младите да стапуваат во бракови,  Советот на општината Новаци донесе одлука секоја млада брачна двојка кога ќе одлучат да стапат во брак да ги “субвенционира” со по 500 евра, за покривање на свадбените трошоци. Воедно ние како општина на сите млади брачни двојки за секое новородено дете им донираме по 5.000 денари.
Ваквите стимулации во Новаци, особено во Мариовско,  дадоа резултати и многу млади луѓе одлучија да стапат во брак и се оженија за жени од Албанија па така оваа година за прв пат  имавме дури 17 првооделенци,  изјави градоначалникот на Новаци, Лазар  Котевски.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*