И покрај тоа што се товарат за тешки кривични дела, во кои се обвинети за милионски злоупотреби градоначалникот на Битола, Владимир Талески, кој исто така е првообвинет во случајот “Транспортер’ им го продолжи мандатот на неколку директори во битолското образование.
Некои од директорите , на кои одамна им престанаа и вторите мандати дури по трет пат се именувани за вд директори што е надвор од постојните законски прописи.
Така Талески деновиве пред почетокот на судењето во “Транспортер“ им го продолжи мандатот на обвинетите директори во Гимназијата “Јосип Броз Тито “ Кире Печалев и на директорката на Медицинското училиште “ Јован Калаузи “ Јасмина Никиќ Десановска.
На тој начин велат упатените Талески ја купува нивната лојалност за судскиот процес,
Инаку Јасмина Никиќ Десановска и Кире Печалев биле едни од најгласните кои се спротиставувале да ги потпишат договорите со кои ја овластиле општината Битола во ниво име да го извршува бесплатниот превоз но под притисок на Бончановски и Талески попуштиле.