По повод Новогодишните и Божикните празници, градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески им подари новогодишни ќесички на штитениците од Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор и глас, заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух „Кочо Рацин“, Домот за доенчиња и мали деца, како и дневниот центар за деца со посебни потреби.
Исто така, градоначалникот им врачи подароци и на специјалната паралелка при ОУ „Ѓорѓи Сугарев“, Здружението на слепи лица, Здружениетона деца со церебрална парализа, Здружението на глуви и наглуви, НВО Баирска светлина, НВО Ревита, НВО Еднакви крила.
Б.В.