Работата, резултатите и проектите се она со што ние досега ја оправдуваме вашата доверба и така ќе биде и од сега. Затоа што Битола е на сите битолчани и затоа што само со работа и проекти можеме да ја видиме новата ера за Битола.
Ова го изјави кандидатката за советничка од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата “За подобра Македонија “ Олга Лозановска.
Проектите кои се реализираа во досегашниот период се доволна потврда за насоките во кои локалната самоуправа ќе продолжи да дејствува и да работи земјаќи ги првенствено во предвид интересите на граѓаните.
Наша заложба е Битола каква што сакаме сите да ја видиме, Битола во една нова ера со нов стандард и нов економски и социјален развој.
Ќе работиме посветено на сите теми кои ги засегаат битолчани. Тука спаѓа унапредување на заштитата на животната средина преку пошумување на општината, ќе организираме акции со кои ќе се овозможи физички и правни лица да добиваат бесплатни садници кои ќе можат да ги засадуваат пред своите објекти. Ќе го реализираме проектот нулта толеранција за диви депонии со кој ќе се отстрануваат дивите депонии од општината, ќе реализираме кампања за користење на градски превоз како мерка за намалување на загаденоста од автомобилите. Ќе се субвенционира купување на велосипед и ќе се работи на зголемени контролни и заштитни мерки.
Во фокусот на политиките на ВМРО-ДПМНЕ секогаш на приоритетно место е и социјалната заштита на сите категории на граѓани. Во оваа област ќе работиме на модернизирање на условите за престој на децата во градинките, ќе биде ставен во функција Домот за деца и млади во Кравари, ќе се реализира проект за инклузија на деца роми во предучилишни јавни установи, згрижување на деца од предучилипна возраст од семејства со низок социјален статус. Инклузија на деца со потешкотии во развојот, Доградба на детските градинки Снегулка и Пролет, отворање на центар за ран детски развој, изградба на енерегетски ефикасни фасади на градинките Пролет и Вангел Мајорот, формирање на оддел за давање на помош во домашни услови за изнемоштени стари и инвалидни лица, доизградба на рампи за лицата со посебни потреби уште ред други.
Како што е пракса и досега така и од сега новите проекти произлегуваат директно од постојаната комуникација со граѓаните, како и од направените анализи на постојната состојба. Тоа и псоветената работа на овие проекти ќе резултира со успех и резултати за доброто на сите,истакна Лозановска.