Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во Основниот суд Скопје 1 поднесе обвинителен акт против осомничените во предметот „Пуч“.
Во соопштението се наведува дека тоа е сторено по спроведување сеопфатна истражна постапка, разгледување и анализа на прибраните докази и факти за овој предмет.
Првообвинетиот З.В. се товари за едно продолжено кривично дело – неовластено прислушкување и тонско снимање, шпионажа и насилство кон претставници на највисоките државни органи.
Второобвинетиот Ѓ.Л. е обвинет за едно продолжено кривично дело – неовластено прислушкување и тонско снимање и шпионажа.
Третообвинетата С.В. се товари за кривично дело шпионажа, четвртообвинетиот З.З. за кривично дело насилство кон претставници на највисоките државни органи и петтообвинетиот Б.П. за кривично дело насилство кон претставници на највисоките државни органи.
ОЈО поднесе и Предлог за продолжување на мерката притвор на З.В., Ѓ.Л., С.В. и Б.П., при што судот и го продолжи притворот.
Извор:Нова Македонија