Засега сеуште непознати крадци од сеф на Супер маркетот “Веро 6“ ,лоциран во строгиот центар на Битола, на популарната улица “Широк Сокак“ украдени се 1.662.000 денари.
Според СВР Битола кражбата се случила по се изгледа за време на викендот, нешто по полноќ, или рано изутрината околу 00.48 часот, а била забележана денеска нешто пред 7 часот, кога била пријавена во битолската полиција.
Од страна на битолската полиција извршен е увид на лице место и сега се преземаат сите мерки за целосно расчистување ма случајот.
Б.В.