За сега непознати крадци од стан во Битола украле 32.700 долари.
Како што информира денеска Министерството за внатрешни работи, Б.К. во полициската станица во Битола пријавила дека вчера во периодот од 08.00 до 17.45 часот непознат сторител извршил тешка кражба во нејзиниот стан.
Сторителот влегол насилно и откако извршил пребарување одзел 32.700 американски долари, златно ланче со привезок и четири златни прстени.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на битолската полиција. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.