По шести пат, традиционално, во присуство на родители, ученици, директори на основните училишта Општина Карпош ја организираше манифестацијата
„ Карпош има талент“.
Во холот на ООУ „ Владо Тасевски“, претставници од сите десет основни училишта на територијата на локалната самоуправа се натпреваруваа со изведба на музички и културно-уметнички точки.
Третата награда на годинашниот избор на талент ја поделија меѓу себе училиштата „Аврам Писевски“ и „ Лазо Трповски“, односно основката Сара Крстевска со изведбата на личната актерска творба „ Измамената фалбаџика“, а талентите од „
Лазо Трповски“ презентираа вокално-инструментална и кореографска преработка – која ја изведе десетчлена група ученици.
Втората награда ја освоија основците од ООУ „ Христијан Тодоровски – Карпош“ со акробатска изведба, додека победник на годинешново карпошово „талент шоу“ е октетот од ООУ „ Владо Тасовски“ со акапела на „Дафино вино црвено“ под менторство на Елизабета Станоевска.
Претседателот на Советот на Општина Карпош Душко Весковски им додели дипломи на најдобрите уметнички таленти од основците во Карпош, и истакна дека локалната самоуправа и во иднина ќе вложува максимално во поттикнувањето на талентираните млади кои учат во училиштата во Општина Карпош.