Опел астра со битолски регистарски таблици удри пешак на пешачки премин кај “Шехерзада“ во Битола. Според очевидци станува збор за средовечна жена која веднаш беше префрлена во Клиничката болница. Полицијата во меѓувреме го стопира сообраќајот и врши увид за несреќата. Сепак, за среќа не се работи за посериозни повреди, и жената имала полесни повреди на нозете.
Б.В.