Home / Uncategorized / Опозицијата го бојкотираше чествувањето на Денот на македонската револуционерна борба

Опозицијата го бојкотираше чествувањето на Денот на македонската револуционерна борба

Како во изминатите години, така и овојпат, опозицијата предводена од СДСМ, го бојкотираше чествувањето на празникот 23 Октомври.

Пред споменикот на Даме Груев, не се појави никој од официјалните лица на опозицијата. Отсуството на опозицијата, владејачката ВМРО-ДПМНЕ го искористи да упати критики на нејзина адреса.
-И покрај тоа што македонските револуционери, се залагаа за обединување на македонскиот народ, без разлика на политичка определба вера и нација, опозицијата и натаму не почитува ништо. Опозицијата и натаму продолжува да не ги почитува значајните датуми и личности од македонската историја- рече Игор Хаџиевски, секретар на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Битола.

 

Б.В.

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*