Home / Градска хроника / Чествување пред споменикот на Даме Груев

Чествување пред споменикот на Даме Груев

Со полагање букети свежо цвеќе, пред споменикот на македонскиот револуционер Даме Груев во дворот на Заводот и музеј- Битолa, денеска,  беше одбележан големиот празник нa мaкедонската револуционерна борба, 23 Октомври.

Пред споменикот на Даме Груев, букети свежо цвеќе, положија, градоначалникот на Битола, д-р Владимир Талески, делегации на Советот на Општината Битола, на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ и членовите на Здружението “Тодор Александров“.

cveke 11

Зборувајќи за значењето на овој празник, градоначалникот на Битола, д-р Владимир Талески меѓу другото нагласи дека  овој е еден од најголемите празници на Македонија, бидејќи тој го означува денот кога пред 121 година, во Солун се формира Внатрешната револуционерна организација и македонскиот народ почна организирано да се бори за својата самобитност.

cveke 15

-Тој датум претставува зародиш на тоа што го имаме денеска. Имињата како Даме Груев кои ги вградиле своите животи во темелите на македонската држава, заслужуваат почит и внимание и ние како Општина Битола тоа го правиме- изјави градоначалникот на Битола,  д-р Владимир Талески.

cveke 18

На свеченоста за значењето на овој празник, свое видување даде и секретарот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Хаџиевски, како и историчарот Ѓорги Чекутков.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*