Топ тема деновиве во РЕК “Битола“ е општата меѓусебна тепачка на синдикалното раководство во РЕК “Битола“.
Според информации на порталот на “Битолски весник“, во тепачката која се случила во Албена, Бугарија каде што се одржуваат спортските игри на енергетичарите, учествувало речиси комплетното синдикално раководство на РЕК “Битола“ и АД ЕЛЕМ.
Во тепачката, има и повредени коишто се стекнале со повреди на градниот кош и главата.
Не се познати мотивите и причините за тепачката на синдикалното раководство, но ова не е првпат меѓу дел од членовите во раководството да доаѓа до физичка пресметка.
Б.В.