Home / Uncategorized / Општината ќе биде отворена и услужна за сите граѓани

Општината ќе биде отворена и услужна за сите граѓани

-Идната локална самоуправа предводена од СДСМ и коалициските партнери ќе биде отворена,услужна за сите граѓани- изјави денеска кандидатката за градоначалник на Битола од редовите на  СДСМ, Наташа Петровска.

-Креирањето на буџетот ќе биде токму инспириран од потребите на граѓаните. Граѓаните и нивните потреби ќе бидат внесени при креирање на буџетот, меѓутоа што е најважно одговорно ќе бидат трошени народните пари. Притоа, секој потрошен денар ќе биде даден до знаење на граѓаните каде и зошто е потрошен. Како советник и како координатор на советничката група и цела советничка група на опозицијата немаше можност тогаш кога бараше информации а се однесуваа за финансиите да ги добие иако го имаме законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Имавме моменти кога дури требаше да реагираме до државната комисија за слободен пристап до информации од јавен карактер за да ги добиеме истите. Тоа не смее да се повторува повеќе. Идната локална самоуправа нема да го дозволи тоа. Имено, секоја месна заедница, секој граѓанин, секој припадник на оваа заедница по било кој основ кога ќе побара отчет каде и зошто се потрошиле парите истиот ќе го добие. Само така одговорно може да имаме општина, може да имаме живот. За живот во Битола за сите- истакна Петровска на денешната прес-конференција пред општинската зграда.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*