Home / Uncategorized / Општината не ги плаќала ни прегледите на учениците

Општината не ги плаќала ни прегледите на учениците

Општината Битола за време на мандатот на екс градоначалникот Владимир Талески не ги плаќала ни прегледите на учениците во Заводот за здравствена заштита.

Од информации на порталот на Битолски весник и покрај тоа што со спогодби Општината Битола и Талески зеле обврска да ги подмират обврските на училиштата  за систематските прегледи  на учениците кои тие ги вршеле во Центарот за јавно здравје  сепак не плаќале.

Вкупниот долг на општината кон Центарот за јавно здравје изнесува неколку милиони денари, кои сега треба да ги плати новото раководство.

Инаку, кога станува збор за долговите на училиштата деновиве градоначалничката Наташа Петровска излезе во јавноста со информација дека тие должат 4,5 милиони евра, што е над сите очекувања.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*