Don't Miss
Home / Колумни / Општината тоа сум јас

Општината тоа сум јас

Во минатите неколку броеви надолго и нашироко пишувавме за суетната политика  на сега веќе екс градоначалник на Битола Владимир Талески, кој откако партијата го чкртна од трката за нов мандат заминува во историјата.

И таман помисливме дека не вреди повеќе да се трши мастило за неговите (суетни )постапки и нарцисоидни  политики деновиве тој повторно, кажано со неговиот театарски јазик, ни даде шлагворт да се осврнеме на неговиот карактер.

Деновиве во Битола се одржа третата и најверојатно последна прес конференција на организаторите на филмскиот фестивал “ Браќа Манаки “ на која јавноста беше информирана за целокупната програма која битолчани и другите филмски работници и вљубеници  ќе можат да ја проследат на 38 издание на фестивалот.

На прес конференцијата  не присуствуваше градоначалникот на Битола, Владимир Талески, кој  не ги удостои организаторите со своето присуство.

Но кога станува збор за  Талески тоа не е ни прв пат, ни потег што заслужува внимание. Тој во последно време едноставно некои настани за кои тој во некое блиско минато  тврдеше дека се од исклучителна важност за Битола и битолчани,  ги игнорира.

Правејќи го тој самиот својот протокол Талески во изминатиот период постојано најдува(ше) изговор дека не можел да присуствува на некои важни настани поради неговата наводна (пре)зафатеност. Но за некои небитни случувања во градот, Талески знаеше да се истопори пред камерите и во присуство само на своите два тројца службеници  и тројца “ телохранители “ за да дава “исторски “ изјави.

Со оглед на тоа шо Талески сеуште е градоначалник на Битола и зема плата што го преставаува градот, тој е должен да најде време и начин да биде таму каде што треба да биде.

Така тој како домаќин на фестивалот “Браќа Манаки” за кој тој самиот во изминатите 11 години ни ја полнеше  главата за неговото огромно културо значење, кој фестивал, според Талески е најдоброто нешто што и се случува на  Битола и Македонија  требаше и мораше да биде на прес конференцијата на организаторите на фестивалот.

Но сега кога Талески повеќе не е во игра за нов градоначалнички мандат изгледа  нему најмалку му е до случувањата во  Битола, па и до фестивалот “Браќа Манаки”.

Тој сега е зафатен со решавање на  своите лични проблеми.

Дали Талески бил на прес конференцијата за “Манки” или не бил, не е ни толку битно, но тоа што треба сите да не замисли и загрижи  е што Талески како што кажаа организаторите  до последен момент се мислел дали да го помогне фестивалот  и што  одлучил  за годинашното издание за “Браќа Манаќи “ да издвои само 150.000 за печатење на пропагандниот  материјал и 250.000 денари за хотелско сместување.

Очигледно е дека Талески на крајот на мандатот решил да штеди кога е во прашање и фестивалот “Браќа Манаки”.

Тоа што иритира е што само до пред две три години кога директорка на фестивалот “Браќа Манаки” беше неговата миленичка  Лабина Митевска, Битола, според зборовите на Талески искажани на прес конференции издвојуваше ни помалку ни повеќе туку  и до 6 милиони денари.

Тогаш Талески, кој не знаеше да пропушти ни една прес  конференција, дали се држеше во Скопје или Битола, често пати  знаеше да кажи дека ако треба дури и повеќе од 6 милиони денари ќе издвои Општината Битола  кога е во прашање ваков фестивал.

Како се случи сега, кога Талески ги брои последните денови од неговиот трет мандат тој толку да стане незаинтересиран за фестивалот  и “штедлив” е прашање кое навистина загрижува.

Но како и во други примери, така и во случајот со годинашното издание на “Браќа Манаки”,  Талески го покажа својот карактер, на и те како суетен човек.

Кога нему нешто ќе му се допадне не жали ни пари ни ништо и е со доста пуштена рака. Ако нему  нешто  не му по негов вкус едноставно не дава пари.

Така изгледа откако бе успеа ударот со Центарот за филм за преземање на фестивалот, за годинашното издание на “Браќа Манаки” Талески одлучи да штеди.

Човекот кој сите изминати 11 годни бемилосно трошеше народни пари за  свое (само)рекламирање и промовирање, како човек кој од Битола ќе направи филмски град,оваа година одлучи да штеди и едноставно само симболично во однос на претходните години  го поддржа фестивалот “Браќа Манаки”.

Но тоа е Талески.  Тој се однесува во стилот “Општината тоа сум јас”.

Кога не сака не дава ни денар за помош на спортот, кога сака издвојува милиони евра. Кога сака го укинува фестивалот “ Бит Фест “ кој тој го оформи, кога сака го продолжува.

Кога сака во Битола има опера, кога не сака, нема.

Во зависност  од неговата желба  и волја тој  е човекот кој сите овие изминати 12 години одлучуваше  што и како ќе се организира и одржува во Битола и колку и како ќе се поддржува од државната каса, која народот  цели 12 години му ја полнеше, а тој по своја желба безмилосно ја празнеше.

Годинава фестивалот “Браќа Манаки” ќе се одржи и без соодветната поддршка од  Талески. Но ќе остане забележано дека човекот едноставно воден од својата суета ништо не почитува, па ни неговиот најценет и најсакан културен настан во државата, фестивалот на филмската камера  “ Браќа Манаки”

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*