Don't Miss
Home / Вести / Остранет дефектот на “Битола 2“

Остранет дефектот на “Битола 2“

          Денеска рано наутро, по непрекинато работење во текот на целата измината нок  ТЕ “ Битола 2 “ повторно е вклучена на елекетро мрежата.

          Имено, според информациите од РЕК “ Битола “ во текот на вчерашниот ден, во попладневните часови, дојде до краток спој во едно од електричните кола на електростатскиот филтер на “Блок 2“ на РЕК Битола, што предизвика испаѓање на блокот.

Стручни лица од комбинатот работеа непрекинато изминатата ноќ на отстранување на дефектот и состојбата утрово е нормализирана.

Во меѓувреме, РЕК Битола продолжува со континуирано производството на електрична енергија од Блок 2 и Блок 3, додека Блок 1 се наоѓа во редовен годишен ремонт, се вели во соопштението  на РЕК “ Битола “

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*