По повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста во Новаци денеска и официјално беше отворен 6-тиот, тадиционален меѓународен турнир во фудбал за деца до 13 години “ Новаци 2017”
На овој традиционален фудбалски турнир учествуваат млади фудбаери родени (ген.2002,2004,2006,2007 и 2008г.)
На турнирот учествуваат екипи од БИХ, Грција, Србија и Македонија.
Интересот за учество на турнирот годинава беше над сите очекувања, бидејќи наместо планираните 20 екипи се пријавија вкупно 40 тимови, во кои настапуваат над 600 деца .
Турнирот ќе трае два дена, а екипите ќе одиграат вкупно 74 натпревари во сите категории.
Екипите се поделени во 5 категории во ген.2002, 2004, 2006, 2007 и 2008г.
Финалните натпревари ќе се одиграат в недела попладне на стадионот во Новаци.
За најдобро пласираните екипи планирани се пехари и медали а ќе има избор за најдобар играч, стрелец и голман за секоја категорија посебно.
Турнирот го отвори градоначалникот на Општина Новаци, Лазар Котевски, кој е генерален покровител на турнирот.