Во присуство на голем број пензионери, вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска,претседателката на Сојузот на пензионери на Македонија Станка Трајкова, градоначалниците на Битола и Новаци, Наташа Петровска и Љубе Кузмановски, денеска во Битола беше свечено отворен нов клуб на пензионери.
Отворајќи го новиот пенизонерски клуб, претседателот на Здружението на пензионери во Битола, Томе Димитровски рече дека со отворањето на клубот, пензионерите во градот под Пелистер добија свое ново катче за дружба и занимација.
Димитровски најави дека со отворањето на новиот клуб, Здружението на пензионери нема да застани, туку дека ќе настојува вакви клубови да отвори во најголемиот број урбани заедници во Битола.
Поздравјувајќи го отворањето на пензионерскиот клуб, вицепремиерката за еконосмки прашања, Мила Царовска нагласи дека пензионерите се во фокусот на вниманието на актуелната власт и дека грижата за нив е приоритетна задача за Владата.
Со покачувањето на пензиите на почетокот на годината за 720 денари и другите владини политики, Владата настојува да придонесе животот на пензионерите да им биде што подобар, нагласи Царовска.
.