НАТО останува отворена за нови места во Алијансата, само доколку се исполнат сите критериуми, посебно наоѓање решение за името со соседна Грција и доколку Македонија продолжи да работи на воведување на реформите и покаже силна политичка ангажираност, истакна генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг по средбата со премиерот Зоран Заев.
– Дискутиравме за безбедноста, владеењето на правото, меѓуетничката соработка и соработката со меѓународната заедница. Сега е важно Македонија да биде фокусирана на агендата и политичката сигурност бидејќи е важен дел од регионот на Западен Балкан и неговата стабилност – рече Стотенберг.Тој потенцираше дека НАТО инвестирал во стабилноста на Западен Балкан и забележан е значителен прогрес од 90-тите, вклучувајќи го влезот на последната членка Црна Гора.Токму за оваа држава зборуваше и премиерот Заев како охрабрување за Македонија.
– Се што сме направиле не е доволно за членство во Алијансата, но ќе ги подобриме односите со соседите и мерките за градење соработка. Посветени сме на домашните реформи и отворени за соработка за сите кои Република Македонија ја гледаат како демократска држава членка на НАТО – објасни премиерот Заев по средбата.
На новинастко прашање за спорот со името, Заев додаде дека стоење во место прекизвикува кризи.
– Ќе се обидеме на сите можни начини да го приближиме патот на Македонија кон НАТО. Постојат повеќе алтернативи – можеме и со привремената референца да станеме членка на НАТО за да добиеме покана, а во врска со договорот со Грција, додека трае ретификацијата, имаме две години за да изнајдеме позитивни решенија за името – истакна премиерот Заев.Столтенберг, пак, ја поздрави интезивираната постетеност на дијалогот со Грција за името и потврди дека решението треба да биде заедничко прифатливо во рамките на ЕУ.
– Силни демократски институции се потребни за какво било надворешно влијание во врска со името. Не сме експлицитни за некаква солуција, само е важно таа да биде прифатена од двете страни, но не специфираме некакво решение – заврши Столтенберг.
На заедничката прес конференција првиот човек на НАТО објасни дека за прием на НАТО на Македонија треба да се исполни условот влезен во сите заклучоци на НАТО од 2008 година, па до последниот самит во Варшава во 2016 година. Тој услов вели дека за да се добие покана за влез во НАТО Грција и Македонија треба да најдат заедничко решение за името.
Придонесот на македонските трупи во Авганистан за мисиите на НАТО не остана незабележен, а нашиот премиер потсети на тоа дека од 2002 година Македонија дава огромни придонеси кон ЕУ и НАТО и ќе помогне во борбата против насилниот радикализам и исламизам.
Премиерот Заев на првата официјална посета во Брисел е придружуван од вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров. Тој претходно се сретна и со претседателот на Европскиот Совет Доналд Туск и со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини.