Home / Култура / Падна првата клапа на филмот “Ослободувањето на Скопје“ во Битола

Падна првата клапа на филмот “Ослободувањето на Скопје“ во Битола

Деновиве во Битола падна првата клапа на играниот долгометражен филм “ Ослободувањето на Скопје“  во режија на познатиот југословенски актер и режисер, Раде Шербеџија.

sk 2

Снимањето на филмот почна во објектите на неколку стари и разрушени напуштени куќи, на улицата “ Кирил Методиј“, каде според зборовите на продуцентот на филмот Владимир Анастасов ќе се снима се до 10 декември, до кога оваа улица ќе биде затворена за сообраќај.
Инаку филмот “Ослободувањето на Скопје“  се снима со финансиска поддршка на Агенцијата за филм на Република Македонија, Финскиот филмски фонд, како и со поддршка на Хрватскиот аудиовизуелен центар “Еуримаж“.

Продуценти на филмот се Роберт Насков, Горјан Тозија, Владимир Анастасов од Македонија, како и Игор Нола од Хрватска, додека копродуценти се Данило Шербеџија (Хрватска) и Арто Халонен (Финска). Сценариото за филмот го напишаа Душан Јовановиќ и Раде Шербеџија.

sk 3

Инаку,  во главните улоги на филмот настапуваат: Давид Тодосовски кој го игра ликот на Зоран, Силвија Стојановска- Ленче,Раде Шербеџија- Ѓоргија,Микко Ноусиаинен- Ханс Муллер, Луција Шербеџија- Лица,Небојша Глоговац- Душан,Петар Мирчевски- Агент Господинов,Јари Вирман- Рудолф,Дејан Лилиќ- Милчо,Денис Абдула-Бале иАксел Мехмед-Тасим.
Филмот “ Ослободувањето на Скопје“  покрај во Битола ќе се снима и во Велес, како и Скопје.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*