Home / Градска хроника / Форум во заедниците во Новаци

Форум во заедниците во Новаци

Денеска во Новаци се одржа првата сесија за жителите од оваа општина во рамките на програмата „Форум во заедницата – буџетски форум”.

Целта на Форумот е планирањето на буџетот на општината за идната година да биде во согласност на потребите на жителите од Новаци, како и на еден транспарентен начин да се утврдат приоритетите на општината за наредната година.

Ова е прва сесија од вкупно 5 што ќе се одржат во рамките на програмата „Форуми на заедницата – буџетски форум”. Целта е во донесувањето на одлуките околу трошењето на парите од буџетот на општината активно да учествуваат и граѓаните .

На првата сесија зедоа учество, градоначалникот на Новаци, Лазар Котевски, претставници од Советот на општината како и група граѓани.

novaci 2

-Ваквите средби се одлична алатка за креирање на буџетот за 2015 година и општината ќе води сметка за потребите на граѓаните. Приоритет во идната година повторно ќе им се даде на инфраструктурните проекти , патишта, водовод и канализација. Всушност тоа се потребите на месното население за кои општината дознава преку средбите што градоначалникот ги организира, изјави градоначалникот на Новаци, Лазар Котевски.

Според зборовите на Котевски во Новаци, во 2015 година ќе се продолжи околу реализацијата на двата големи проекти, изградбата на системот за наводнување преку реката Црна и проектот за топлификација од РЕК Телетерм за кои подготвителните работи се завршени.

Општина Новаци ќе продолжи својот буџет да го креира според можностите и според потребите на жителите, нагласи Котевски.

Инаку Форумот во заедницата се одржува во соработка на општината Новаци и Зелс , а е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка.

-Буџетскиот форум е процес кој ќе тече во 5 сесии на кои граѓаните ќе видат кои се приходите на општината и ќе помогнат околу креирањето на буџетските расходи за 2015 година. Форумот е организиран по групи и одлуките се носат со консензус на граѓаните “ изјави Игор Тасевски – модератор на Форумот.

 

Катерина Чукалевска

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*