Управната зграда на фирмата “ Марковски “, позната како “Палата Марковски “, која се наоѓа наспроти Железничката станица, ќе биде Центар за дијализа на бубрежно болните.
Деновиве на зградата на “ Палата Марковски “, која едно време покрај што беше седиште на фирмата “Марковски “ во која беше сместен луксузен ресторан, како и продавница за продажба на техничка стока и бела техника, интензивно се работи на (пре)адаптација на објектот.
Според информации на порталот на “Битолски весник“, во овој објект ќе биде сместен новиот центар за дијализа на бубрежно болните.
Во новиот центар за дијализа, кој е сопственост на еден познат скопски бизнизмен ќе бидат инсталирани најмодерни апарати за дијализа на бубрежно болните лица, а неговите услуги ќе можат да ги користат и здравствени осигуреници од другите градови на Регионот.
Б.В.
Tagged with: болни бубрежно дијализа Центар