Don't Miss
Home / Градска хроника / Паркингот кај Спортската сала дупка до дупка

Паркингот кај Спортската сала дупка до дупка

-Не знам дали некој води сметка за паркингот кај Спотската сала Младост.Тој е в ужасна состојба. Едноставно таму не е само опасно за паркирање, туку и за движење особен во ноќните часови, кога прес пред око не се гледа.

Концесионерот кој стопанисува со паркингот, изгледа го интересираат само парите. Тој едноставно ништо не вложил во него.

Ваква е реакцијата на наши читатели, кои синока пропаднале  со своето ново возило во една дупка на Градсиот паркинг и кои ,ако не била помошта на некои битолчани не можеле да го извадат возилото.

Во реакцијата нашите читатели прашуваат дали градоначалникот Владимир Талески, кој му го даде паркингот на стопанисување на фирмата “Стентон градба“ го видел паркингот кај Спортската сала. Или бидејки тој се движи со службено возило и не користи паркинг не мора да види на кое дереџе му се градските паркинзи.

Нашите читатели бараат под итно да се асфалтира Градскиот паркинг кај Спртската сала Младост или да му се раскине договорот на концесионерот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*