Don't Miss
Home / Македонија / Партиите ги предложија членовите за ад-хок телото за медиуми

Партиите ги предложија членовите за ад-хок телото за медиуми

Слаѓана Димишкова од „Вест“ , Цветин Чилиманов од МИА , Горан Трпеновски исто така од „Вест“ и Љубомир Костовски од онлајн неделникот „Глобус“, се четворицата членови на ад-хок телото кои ги предложија партиите, потврдуваат од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и најавуваат дека за кратко време ќе дадат и подетални информации преку соопштение.

Првите двајца се по предлог на ВМРО-ДПМНЕ, а Трпеновски и Костовски по предлог на СДСМ.

Според измените на Изборниот законик, петтиот член кој не е по партиски предлог, четворицата партиски претставници треба да го договорат, а директорот на агенцијата да го назначи најдоцна 15 дена по нивното именување.

Целата оваа процедура би требала да заврши до кај 20 август.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*