По неколку дена тренинзи во Битола, српскиот интернационалец Павле Павловиќ ги задоволи првите луѓе на клубот и тренерот Касим Каменица и потпиша двегодишен договор со Пелистер.
Павловиќ има 23 години, потекнува од нишката школа и од ракометно семејство.
Тој е новиот лев бек на Пелистер во очекување на одлуката на арбитражата на РФМ за случајот Дрогришки.
Со Павловиќ битолскиот суперлигаш веќе има шест новајлии во играчкиот кадар од минатата сезона.