Демократскиот сојуз оценува дека изминатите сто дена беа успешни и исклучителни тешки за Македонија и Владата.
„Клучно е што полека се демонтира еднопартискиот и авторитарен систем и започнува дисперзија на власта и одговорноста, како клучна претпоставка за слобода на мислата и зголемување на иницијативноста.
Многу битно е што се деблокирани евро-атланските процеси и Македонија добива меѓународна поддршка за офанзивната и решителна дипломатска активност за надминување на отворените прашања со соседите.
Зголемување на минималната плата е добра основа за раздвижување на целокупниот систем на плати и отворање на перспективи за младите.
Демократскиот сојуз очекува двојно намалување на паричните казни за фирмите, обезбедување на достапност на секое работно место за способните и многу поефикасна борба против организираниот криминал и конфискација на нелегално стекнатиот имот“, стои во соопштението на ДС.