Don't Miss
Home / Култура / “Пееме до ѕвездите“ во чест на Тоше Проески

“Пееме до ѕвездите“ во чест на Тоше Проески

Детскиот хор „Ѕвончиња” утре, со почеток во 19 часот во салата на клавирите во битолскиот Завод и музеј ќе го одржи својот традиционален концерт, трет по ред, „Пееме до ѕвездите”, во чест на музичката легенда  Тоше Проески.

tose koncert

Средствата од овој хуманитарен концерт ќе бидат наменети за набавка на медицински апарати за болните дечиња кои се сместени во Домот за доенчиња и деца без родители во Битола.

Покрај прекрасните „Ѕвончиња”, на концертот ќе настапи и вокалната група „Мелодиум”, под раководство на Марина Коруновска, професор по соло пеење во Музичкото училиште Битола.

Б.В.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*