По поразот на Пелистер од Шкупи од 2:0 на стадионот под Тумбе Кафе и победата на Скопје над Победа се чини дека битолскиот прволигаш ги загуби сите, дури и теоретски шанси за опстанок во Првата лига.
Во последното коло Пелистер се среќава со старо новиот шампион Шкендија во кој натпревар нема никакви шанси, а дури и во случај на победа над Шкендија што е крајно нереално на битолскиот прволигаш му нема шанси з аопстанок.
Така Пелистер по победата над Вардар во Скопје од 2:3 против Шкупи ја пропушти и последната шанса за опстанок во Лигата.