Компанијата „Пелистерка“ испрати повеќе од 10 тони вода во загрозените подрачја, односно над 7.000 шишиња.
-Во соработка со Црвениот крст, „Пелистерка“ дистрибуира флаширана вода за пиење до населението во загрозените региони. Водата е дистрибуирана до центрите на Црвен крст во Скопје, Штип, Кочани и Битола. Ситуацијата во источна Македонија ја следиме со огромна загриженост. Без размислување и резерви решивме да го испратиме овој конвој со свежа вода за пиење која, се надеваме, барем малку ќе им ја олесни состојбата и ќе им помогне на оние на кои што им е најпотребно“, информираат од „Пелистерка“.