Старецот од Старскиот дом “ Сју Рајдер “ во Битола, кој беше позитивен од коронавирусот, оздраве и денеска ја напушти Клиничката болница во Битола.
Според информациите од домот за стари лица “ Сју Рајдер “ Битола, штитеникот на Домот, кој има 85 години, по анализата на брисевите во два наврати бил негативен , по што тој, по дваесетина дена лекување, како здрав човек бил отпуштен од Клиничката болница.
Инаку да потсетиме 85-годишниот битолчанец во Домот за стари лица “Сју Рајдер “во Битола беше сместен на 18 март.
Откако резултатите од тестирањето биле позитивни, тој на 2 април беше хоспитализиран во Клиничката болница, со сомневање дека е заболен од коронавирусот, кој наводно го добил од неговата внука која била дојдена од Германија, а со која пензионерот имал контакти.