Don't Miss
Home / Uncategorized / Пета на Амди Бајрам за Груевски

Пета на Амди Бајрам за Груевски

П ратеникот Амди Бајрам денеска стави крај на децениската врска со ВМРО-ДПМНЕ,кој  од денеска па натаму најави дека ќе дејствувал како самостоен пратеник од Сојузот на Ромите.

Амди Бајрам во минатото знаеше да ги менува страните, во зависност од тоа која политичка партија е на власт. Сепак, учество во коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ му беше најдолготрајно, а на приврзаниците на тогашната опозицијата знаеше да покаже и по некој прст.

На ромските балови кои ги организираше често присуствуваа Никола Груевски, Сашо Мијалков, па дури и поранешниот јавен обвинител Марко Зврлевски. На минатогодишните избори се јавно се закани и на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за потоа да каже дека ќе соработувал со новата власт.

Амди Бајрам веќе неколку мандати е пратеник во законодавниот дом, а беше дел од колициите на двете најголеми политички партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*