.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Uncategorized / Пироманите повторно пеплосуваат автомобили во Битола

Пироманите повторно пеплосуваат автомобили во Битола

Практиката на палење возила годинава никако да престане, а и покрај интензивните истраги, најголем дел пиромани за битолчани сѐ уште се „невидливи“.

pozar koli 2

 
                                                   

                                                           Зачестено подметнувањето пожари

 

Кога се мислеше дека „пироманите“ во Битола конечно решија да се смират и да не си играат повеќе со оган, завчера во Битола повторно се случи ново палење автомобил.
Како и во претходните случаи така и овој пат „пироманите“ под превезот на ноќта, незабележани од никого, го запалија автомобилот на актуелниот советник на ВМРО-ДПМНЕ во советот на Битола и прв градоначалник по осамостојувањето на Македонија, Златко Милошевски.
Неговиот автомобил „ауди“ беше запален 40 минути по полноќ и до доаѓањето на противпожарната единица речиси целосно изгоре.
Палењето на автомобилот на советникот Милошевски само ги врати непријатните „спомени“ на битолчани во времето кога во градот под Пелистер се случија серија палења автомобили на неколку битолчани.

 

                                                     Десетина запалени  автомобили

 

 

Во СВР-Битола, и покрај нашите инсистирања, не можат точно да ги набројат случаите со палење автомобили што се случија во последните години во Битола ниту, пак, да ги посочат причините за палењата.
Педантните хроничари забележаа дека прва „жртва“ на невидливите пиромани во Битола беше експратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, покојниот Ѓорги Котевски, чиј автомобил под превезот на ноќта беше запален и изгоре речиси целиот.
Подоцна црната серија на битолските „пиромани“ продолжи со палењето на автомобилот на познатиот адвокат од Битола, Васко Стојков, чиј автомобил „шкода фабија“ со „коктел“ од бензин беше запален пред неговата зграда.
Иако тогаш тој посочи кој би можел да го запали неговиот автомобил, а полицијата по налог на Основното јавно обвинителство поведе опсежна истрага против непознатиот сторител, сѐ уште не е откриен „пироманот“ што целосно му го опожари возилото на битолскиот адвокат. И тамам битолчани го заборавија палењето на автомобилот на адвокатот Стојков, подоцна се случија нови „вартоломејски“ ноќи во Битола, во кои настрадаа уште неколку автомобили на познати битолчани.
Серијата нови пожари ја најави пожарот во јануари годинава, кога беше запален автомобил на еден битолчанец на улицата Ружа Делчева.

 

Истиот месец ноќта помеѓу 29 и 30 јануари пироман запали три возила, при што, според полициските информации, направил материјална штета од 130 илјади денари. Една недела пред да ги запали автомобилите истиот човек извршил и тешка кражба во црквата „Св. Богородица“, од каде што украл два дрвени крста. На почетокот на февруари полицијата откри дека станува збор за 51-годишниот Н.Т. и против него поднесе една кривична пријава за тешка кражба и три за предизвикување општа опасност.
Малку подоцна на една од најфреквентните улици во Битола беа опожарени две возила, „ауди“ и „мерцедес“ на синот на познат битолски бизнисмен. Нивните возила беа запалени пред влезот на зградата во која живеат, на булеварот 1 Мај.
Тогаш некои добро информирани извори за „Нова Македонија“ тврдеа дека за овој пожар пироманите направиле грешка, бидејќи наводно ги запалиле возилата на погрешни сопственици. Нивна цел требало да бидат возилата на еден од познатите битолски лихвари, кој живее стотина метри над зградата во која живеат луѓето чии возила беа запалени.
Неколку месеци подоцна под превезот на ноќта во гаражата каде што бил паркиран пламените јазици го зафатија автомобилот на ревизорот на општината Битола.

 

                                                                   Молк кај сопствениците

 

Интересно е дека во сите случаи со палењето на автомобилите во Битола никој од сопствениците не излегува во јавноста со изјави за причините за пожарите ниту, пак, посочува можни виновници.
Сите лица, чии автомобили настрадаа во пожарите, едноставно молчеа и се правеа како ништо да не се случило. Така при секое палење на битолските возила во јавноста остануваа да се шират разни шпекулации.
Таков е случајот и со последниот пожар на автомобилот на Милошевски, кој беше запален пред два дена пред неговиот дом.
Засега ниту тој ниту полицијата не излегува во јавноста со информации за тоа кој би можел и зошто го запалил неговиот автомобил.
Но тие што го знаат добро Милошевски тврдат дека неговиот автомобил не бил запален од политички причини. А што би можело да биде повод за палењето треба да утврди истрагата.
Како и да е, во Битола во последните години се случија десетина пожари, а засега „пироманите“ во најголем број случаи остануваат непознати.

 

 

 

 

М.М.

Фото:  С.Р.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*