Home / Спорт / Утре реванш од Челинџ купот

Утре реванш од Челинџ купот

Екипата на Пелистер утре со почеток во 18 часот ќе го игра реваншот во рамките на третото коло од Челинџ купот, а против екипата на Дукла од Прага, Чешка. По првата средба во Прага екипата на Пелистер има негатива од 10 бода, а досега ниту една македонска екипа на натпреварувањата под капата на ЕХФ, не надоместила толкава разлика.
-Свесни сме дека најблаго речено потфрливме на првата средба. Сега знаеме каде грешевме и верувам дека ја научивме лекцијата. В сабота со помош на нашите навивачи убеден сум дека ќе го “обелиме“  образот на нашиот клуб и ракометна Битола, рече заменикот капитен и младинскиот репрезентативец Стефан Дрогришки.

Тренерот Николовски ги храбри своите ракометари дека со добра одбрана, работите ќе изгледаат поинаку на реванш мечот.

За разлика од битолчани, Чесите денес доаѓаат со чартер лет во Охрид, а се откажаа од правото на тренинг во спортската сала „Младост”.
Инаку, по поразот од 34:24 во главниот град на Чешка, битолската експедиција 26 часа со автобус патуваше за дома и полека се враќа во форма, по тешкото гостување и лошиот резултат, вели спортскиот директор Никола Пискачев.

 

С.Р.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*