Судењето на Владимир Талески за негрижа за Офицерскиот дом повторно се одложи. До новото одлагање дојде поради немање услови за тонско снимање на главната расправа во судницата. Адвокатот на Талески, Драган Пажиќ, повикувајќи се на одредбите од Законот за кривична постапка, побара расправата да се снима со цел, како што рече, да се обезбеди транспарентно судење.
– Постојат услови за тонско снимање, а мојот клиент инсистира расправата да биде снимена. Во судницата денеска тоа беше невозможно. Второ, од страна на застапникот на обвинението не ми беа доставени доказите врз што се темели тоа обвинение – рече Пажиќ напоменувајќи дека, ако нема тонско снимање, правдата ќе ја бараат пред Европскиот суд за човекови права.