Home / Uncategorized / Почина газадата на Епинал, Ристо Пеов

Почина газадата на Епинал, Ристо Пеов

На 74 годишна возраст денеска почина Ристо Пеов, сопственик на хотелите Епинал во Битола, хотел Бистра во Маврово, спортскиот ресорт и ски центарот во Маврово.

Пеов е роден во 1943 годинаво село Бапчор, егејска Македонија.

Комеморацијата ќе се изврши в понеделник, во 14 часот, во хотелот Епинал во Битола.

Ристо Пеов е еден од првите повратници од дијаспората од Австралија, кој во родната Македонија се врати во 1992 година. Тој беше инвеститор во угостителството, почнувајќи со Ле Гранд казината во Скопје и Битола, а потоа и во хотелите во  Маврово и Битола. Пеов го развиваше спортскиот и ски центар во Маврово. Важеше за влијателен и амбициозен бизнисмен со визија за развојот на туризмот и угостителството во Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*