Don't Miss
Home / Uncategorized / Почина Смоки

Почина Смоки

На 81 година по тешка и сериозна болест во Белград, почина српската актерска легенда Љубиша Самарџиќ. Тој во декември минатата година итно беше примен во болница, каде што беше извршена тешка операција на мозокот.

Потоа беше на домашно лекување третман, но не успеа да се опорави. Самарџиќ е роден во Скопје во 1936 година.
Актерска кариера ја започнал во белградскиот театар “Ателје 212”. На почетокот на кариерата снимал претежно партизански филмови. Тој стана познат со серијата “Топол ветер”. Подоцна станува и режисер.

Во 1967 година ја добива наградата “Купа Волпи” за “најдобар актер”, која се доделува на Фестивалот во Венеција. Самарџиќ беше носител на седум награди “Златна Арена”. Во средината на 90-тите години заедно со неговиот син ја формира продуцентска компанија “Синема дизајн”. Во февруари 2014 година тој сите свои награди ги додели на Кинотеката во Белград. Љубиша Самарџиќ беше познат по прекарот Smoky.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*