Само што започна, седницата на која требаше да се гласаат уставните измени, беше прекината. Откако пред пратениците се обрати премиерот Зоран Заев, спикерот Талат Џафери ја прекина седницата за секој пратеник да можел да добие стенограм од говорот на Заев.
-Седницата сега ќе ја прекинеме, бидејќи верувам дека секој пратеник сака да го има говорот на премиерот Заев. Седницата ќе продолжи утре во 13 часот, рече Џафери.