Денеска, на Техничкиот факултет во Битола беше промовирана првата генерација студенти на новиот факултет за информатички и комуникациски технологии.
На овој нов факултет, кој годинава е формиран по затворањето на факултетот за јавна администрација, се запишаа рекорден број студенти.
Инаку, новиот факултет предизвика огромен интерс кај студентите и сите слободни места беа веднаш пополнети.
На свеченоста по повод првиот студентски час на бруцошите на факултетот зборуваа министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, како и ректорот на битолскиот универзитет проф. д-р Златко Жоглев.
-Следејќи го трендот на недостиг од инженери од информатичко-комуникациските технологии, особено во пелагонискиот регион, Владата одлучи да изврши спојување на студиските програми од Техничкиот факултет и од Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи во еден нов факулте – рече министерот Ивановски во обраќањето пред студентите.
Инаку, на новиот факултет покрај професори од Битола и Република Македонија ќе предаваат професори и од Швајцарија, Германија, Кина и САД.
Б.В
Фото : С.Р.