Home / Спорт / Под рефлектори младите заборавија на студот

Под рефлектори младите заборавија на студот

Двеста деца кои работаат во младинските школи на фудбалскиот клуб Пелистер синоќа под рефлектори на ќумурното игралиште на пластичната трева го одработија заедничкиот тренинг со кои раководеа двајцата тренери гости србинот Драган Марјановиќ и англискиот стручњак Жажижи Шарауи.

Секако , тука беа и тренерите на Пелистер Спасе Ристевски, Драганчо Димитровски, Кире Грозданов, Сашо Илиевски. На тренингот се приклучија и учениците од фудбалската паралелка од Битола со професорот Димитар Капинковски.

skola 3

 

skola 5

skola 7

Пелистер во претходните денови ја отвори вратата на својата академија на двајца еминентни тренерски стручњаци за работа со млади категории кои во улога на предавачи работеа со членовите на школата на клубот и со тренерите од битолското фудбалско подрачје.

-Посебно се радував на работата во Битола и да ви кажам најискрено заборавив дека не сум во Ужице, понесен од топлиот пречек во Битола и од тоа како се работи тука. Има потенцијал, но мора да се работи, а ова е само почеток на едно ново поглавје на битолски Пелистер, вели Драган Марјановиќ.

Најискусниот домашен тренер на младите, Спасе Ристевски, беше активно  вклучен во тренинзите со странците и рече:

-Ваквите работи се посебен стимул за младите фудбалери и за нас тренерите. Имаше нов пристат кон тренинзите и децата тренираа тука на терен и во сала на посебен начин на кој уживаа. На овие тренизни странските тручњаци даваат акцент на агресивноста на играта уште од најрана возраст што е за нас новина.

skola 10

skola 9

Марјановиќ, кој е архитект на школата на Слобода од Ужице и човек кој ги создаде Немања Видиќ и Милан Јовановиќ и англискиот стручњак со туниско потекло Жадиди Шарауи, кој живее во Ливерпул, но бил дел од работата во Тотенхем и Хадерсфилд, најнапред имаа теоретски предавања, а потоа и на терен.

Овој нов проект за успешен го окарактеризираа и спортскиот директор на Пелистер, Милош Манојловиќ кој рече:

-Сите коментари за ваквиот начин на работа се позитивни и скоро сите со одобрување зборуваат за нашите гости. Затоа ќе ни биде честа пракса нашиот клуб и нашата академија да ја посетуваат и со свое знаење да ја оплеменуваат познати светски стручњаци кои ќе ни помогнат да ја развиеме школата на Пелистер. Има голема мотивација кај сите млади фудбалери што се гледа и вечерва кога на ладно време се работи под полна пареа, а младите надежи заборавија на ладното време и сами бараат да се продолжи тренингот.

 

 

Текст и фото: Сашо Ристевски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*