Home / Вести / Поинаку со закана до локалната власт: Или ќе се исчистат шахтите и Драгорот и ќе почне изградбата на Новиот парк или смена на директорот на “Нискоградба“

Поинаку со закана до локалната власт: Или ќе се исчистат шахтите и Драгорот и ќе почне изградбата на Новиот парк или смена на директорот на “Нискоградба“

Тројцата советници на советничката група Поинаку денеска излегоа со предупредувачки закани до ЈП “ Нискоградба “ и локалната власт.

Писмото го објавуваме во целост

-Битола Редовна слика – поплавени улици во Битола по летните дождови во изминатите неколку денови. Со оглед на тоа дека станува збор за постоечки проблем за кој не сте презеле никаква активност за да го превенирате, а согласно законските и статутарните обврски е во Ваша надлежност, ги доставуваме до Вас следните: БАРАЊА, по кои очекуваме да постапите веднаш по приемот, итно и без одлагање! Раководните лица на КЈП Нискоградба Битола во рок од 3 дена да донесат одлука за формирање на посебни екипи за редовно чистење и одржување на шахтите низ градот, како и за проценка на нивното ниво на собирен капацитет и пропусност. Во следните 3 дена КЈП Нискоградба да започне со чистење на коритото на реката Драгор, за кое се одобрени финансиски средства од Буџетот на Општина Битола. Исто така бараме во истиот рок КЈП Нискоградба да започне со градежните работи на локацијата предвидена за Нов градски парк во нова Битола, за што исто така се обезбедени финансиски средства од Буџетот на Општина Битола. Барањето е доставено и до Управниот и Надзорниот одбор на КЈП Нискоградба Битола, од кои бараме да го следат постапувањето по горенаведеното и да достават Извештај до Советот на Општина Битола ( од каде се членовите избрани ) за динамиката на спроведувањето. Доколку барањата не бидат исполнети, без одлагање ќе предложиме до Советот на Општина Битола разрешување на сите актуелни членови на Управниот и Надзорниот одбор на КЈП Нискоградба, како и разрешување на директорот од страна на градоначалникот, за што ќе поведеме и постапка за нивна одговорност и пред други надлежни институции. Напомена: горенаведеното го побаравме од директорот на KЈП Нискоградба повеќе пати, меѓутоа очигледно е дека потребите на битолчани не се сфатени сериозно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*