Тивки и ненаметливи, а сепак видливи. Со промовирање на проектите од Изборната програма, со критички осврт кон власта, но и со почит кон политичките конкуренти. Така кандидатите за советници од независната листа ПОИНАКУ ја водат својата кампања за претстојните локални избори.
Изминатите два дена кандидатите од независната листа Поинаку со носителот Габриела Илиевска беа онаму каде и треба да бидат , меѓу своите сограѓани. Ги имаше кај новиот пазар, на плоштадот Магнолија, на влезот во пазарот, на Широк Сокак.
Битолчани го препознаваат чесниот пристап и искрените намери на кандидатите на ПОИНАКУ. И затоа нивната поддршка не изостанува и ја има на секој чекор.
Битола може ПОИНАКУ! се вели во Соопштението на советничката листа на Габриела Илиевска Поинаку.