Секторот за внатрешни работи од Битола до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против полициска службеничка, вработена во полициска станица – Битола за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Пријавената во својство на полициски службеник во месец април годинава од страна на граѓанин од Битола добила пронајден мобилен телефон, кој и` бил неа предаден. Откако го примила мобилниот телефон, полицајката наместо да го пријави во регистарот за пронајдени и изгубени предмети и истиот да го заведе во дневникот за дневни настани, таа го присвоила за себе, со што сторила кривично дело несовесно работење во службата.
Б.В.