Don't Miss
Home / Култура / Полна сала и овации за премиерата на филмот “До балчак”

Полна сала и овации за премиерата на филмот “До балчак”

Синоќа, во преполнетата сала на Центарот за култура во Битола, беше прикажана премиерата на македонскиот филм “До балчак” во режија на Столе Попов.
Иако, имаше шпекулации дека ќе се случи протест на дел од дуќанџиите кои не добиле хонорари од снимањето на филмот, тоа не случи и премиерата помина во најдобро светло.
На премиерата на филмот во Битола, се појави дел од актерската екипа, и главните ликови во филмот. Словенката која ја игра главната женска улога Инти Шрај, главниот машки лик, македонскиот актер Сашко Коцев, Драган Спасов- Дац, Горан Трифуновски, и други од екипата.
Филмот е во ко-продукција помеѓу Триангл филм, Сектор Филм, ФХ3Х и Македонска Радио Телевизија, финансиран со средства од Владата на Република Македонија, Министерство за култура, Агенцијата за филм на Република Македонија.
„До Балчак” се снимаше летото во 2012 година на локации во Битола, Скопје, Демир Хисар, Охрид, Штип и Прилеп.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*